Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников соопшти дека во таа земја пристигнале американски артилериски ракетни системи (ХИМАРС).
Благодарност до мојот американски колега и пријател, секретарот за одбрана Лојд Остин, за овие моќни системи. Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив – објави Резников на Твитер.
Според британски медиуми, украинскиот министер за одбрана не навел како артилериските ракетни системи пристигнале во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.