Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор.

Фенстер беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта.

На почетокот на оваа недела, тој дополнително беше обвинет за поттикнување немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор.

Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија.

Фенстер (37), кој беше главен уредник на веб-страницата „Frontier Myanmar“, беше приведен на меѓународниот аеродром во Јангон во мај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.