Американскиот научник, Питер Хотез, кој еден од водечките специјалисти за заразни болести во САД, смета дека е неопходно да се направи сеопфатна студија за потеклото на Ковид-19 за светот да не се соочи со слични епидемии во блиска иднина.

Како што вели Хотез, за „НБЦ њуз“, човештвото е под закана од епидемија на Ковид-26 и Ковид-32.

Ова е трета голема епидемија на некој корона вирус во 21 век (по САРС и МЕРС) … Мајката природа ни кажува што ќе се случи: ќе има Ковид-26 и Ковид-32 ако не го разбереме целосно потеклото на Ковид-19 – вели експертот.

Хотез ја истакнува потребата да се испита „пандемијата“ на новиот корона вирус и затоа вирусолозите, епидемиолозите и другите специјалисти треба да бидат испратени во кинескиот град Вухан, каде што почна епидемијата и на лице место да соберат податоци и потребни примероци.

Истовремено, Хотез истакнува дека ќе биде тешко да се добијат информации за потеклото на вирусот без целосна соработка на Кина околу ова прашање.

Навистина треба да извршиме голем притисок врз Кина, вклучително и преку можни санкции, така што тим од истакнати епидемиолози и вирусолози на теренот во Кина може да имаат непречен пристап до животни, луѓе, примероци и лаборатории – вели Хотез.

Претходно, Белата куќа издаде соопштение во кое се вели дека верзијата за ширење на корона вирусот поради несреќен случај во научна лабораторија сè уште не е исклучена.

Во изјавата се цитира американскиот претседател Џо Бајден, кој вели дека разузнавачката заедница во земјата разгледува две можни верзии за потеклото на вирусот: пренесување од животно на луѓето и протекување од лабораторија.

Во рок од 90 дена, разузнавачката служба мора да продолжи да собира и анализира информации и да го информира претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.