Американски конвој воени возила и неколку цистерни со гориво влегле во сириските покраини Хасака и Дајр ез-Зор во североисточниот дел на земјата.
Како што објави сириската државна телевизија, во земјата влегле најмалку 45 оклопни возила и камиони со муниција.
Сириската телевизија наведува дека САД го зајакнуваат военото присуство во Сирија од почетокот на оваа година.
Од 2015 година САД отворија девет воени бази во североисточниот дел на Сирија, од кои четири се во близина на нафтените полиња во покраината Дајр ез-Зор, додека пет во соседната покраина Хасака.
Во октомври минатата година во Сирија се испратени уште 5.000 американски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.