Командата за воздушна одбрана на Cеверна Америка (НОРАД) соопшти дека идентификувала и следела два руски авиона Ту-142 кои навлегле во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Алјаска.
НОРАД нагласи дека руските авиони не го нарушиле суверениот воздушен простор на САД или Канада, туку се наоѓале во во меѓународниот воздушен простор.
Како и секогаш, НОРАД останува будена и подготвена да го заштити суверениот воздушен простор на Канада и на САД за да ги ограничи и елиминира потенцијалните закани за нашите воздушни и морски пристапи – се истакнува во соопштението на американската армија.
Претходно, Cеверната флота на Русија соопшти дека два авиона Ту-142 за време на 11-часовниот лет минале над водите на Северното Море и североисточниот дел на Атлантик, како и над Баренцово Море. Над Баренцово Море, тие биле придружувани од авиони-ловци Су-33. Додека за време на летот над Норвешко и над Северно Море, биле придружувани од норвешки и британски воени авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.