Американската војска започна да се повлекува од аеродромот во Кабул, соопшти Пентагон.

Американскиот претседател Џозеф Бајден испрати илјадници војници на аеродромот откако Талибанците започнаа офанзива претходно овој месец за да помогнат во евакуацијата на американските државјани, загрозените Авганистанци и други странци.

Портпаролот на Пентагон потврди дека започна повлекувањето на армијата.

Претходно, неименуван официјален претставник изјави дека на аеродромот останале помалку од 4.000 војници.

Официјалните лица не сакаа да кажат колку американски војници има на аеродромот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.