Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го наредил воздушниот напад со дронови во кој во раните утрински часови е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.
Во нападот со дронови на американската војска исто така е убиен и заменик шефот на ПМУ Абу Мајхди ал Мухадес, близок соработник на Сулејмани кој важеше за вториот најмоќен човек во Иран.
-Генерал Сулејмани активно ги развивал плановите за напади на американските дипломати и припадници на службите во Ирак и поширокиот регион. Овој удар имал за цел да ги прекине иранските планови за напад. САД ќе продолжат да ги превземаат сите неопходни мерки за да го заштитат нашиот народ и нашите интереси, каде било и да се наоѓаат во светот, стои во соопштението на Пентагон издадено по нападот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го нарече денешниот американски напад во Багдад „акт на меѓународен тероризам“, објавувајќи дека САД „ја сносат одговорноста за сите последици од својот одметнат авантуризам“.
Breaking: US assassinated Qassem Soleimani (leader of the Iranian Quds force), one of most powerful man in Iran and Abu Mahdi al-Muhandis (leader of the Iraqi Hashd al-Shaabi) near #Bagdad airport.
US elite just set Middle East on fire and added oilpic.twitter.com/SYs7GDdoJk
— Carl Zha (@CarlZha) January 3, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.