Новото тестирање на американската хиперсонична ракета „АГС-183A“ во рамките на програмата АРРВW (Air-Launched Rapid Response Weapon) било неуспешно, објави специјализираниот портал „Вор Зоун“, цитирајќи претставник на американските воздухопловни сили.

Според ограничените информации објавени од воздухопловните сили, властите во четвртокот тестирале хиперсонична ракета што требало да биде лансирана од стратешкиот бомбардер Б-52. Локацијата на лансирањето не е наведена. Војската очекуваше ракетата да добие брзина пет пати побрзо од брзината на звукот.

Лансирањето беше прекинато пред да биде пуштена ракетата поради непознат проблем. Ракетата ќе му биде вратена на производителот, а анализата на телеметријата и податоците од авионот ќе започне веднаш – соопшти портпаролот на американските воздухопловни сили. Според него, „

Тој додава дека американската војска очекува што е можно поскоро да ги обнови тестирањата.

Ова е трет неуспешен тест на ваков проектил. Претставници на Пентагон постојано признаваат дека САД заостануваат зад Русија и Кина во производството на хиперсонично оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.