Полицијата во американскиот град Лос Анџелес уби афро-американски велосипедист, и ова е уште едно во низата полициски убиства на афро-американци, а канцеларијата на шерифот и адвокатот на семејството на жртвата дадоа контрадикторни објаснувања за инцидентот во вторникот, пренесува Ројтерс.

Велосипедистот Дижон Кизи (29) бил застрелан во грбот со повеќе од 20 куршуми, откако двајца полицајци се обиделе да го спречат поради сообраќаен прекршок, изјави Бенџамин Крамп, адвокат на семејството на Кизи.

Од канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес тврдат дека во Кизи биле испукани помалку од 20 куршуми.

Убиството предизвика повторни протести во градот поради полициската бруталност врз црнците низ целата земја.

Кизи возел велосипед во округот Вестмонт во понеделникот попладне, кога бил запрен од двајца полицајци кои се возеле покрај него.

Тој го фрли велосипедот и избега, а полицијата трчаше по него, изјави портпаролот на шерифот Брендон Дин.

Потоа, Кизи со тупаница го удрил едниот од нив по лицето и го фрлил купот облека што го носел.

Полицијата тврди дека меѓу облеката имало пиштол и дека двајцата полицајци пукале кон Кизија, велат во канцеларијата.

Шерифот Дин изјави дека не знае што прекршок сторил Кизи и тврди дека кон него биле испукани помалку од 20 куршуми. Тој не сакаше да одговори на прашањата во врска со деталите за пукањето или каков е статусот на полицајците вклучени во инцидентот.

Но, Крамп, адвокат за човекови права и застапник на жртвите на полициско насилство, напиша на Твитер: Тие велат дека тој побегнал, ја фрлил облеката и пиштолот. Тој не ги зел, а полицијата го застрелала повеќе од 20 пати и го оставила така со часови.

Гневните демонстранти се судрија со полицијата пред канцеларијата на шерифот во понеделникот вечерта, а подоцна во вторникот беше најавен протестен марш од местото на пукањето до канцеларијата на шерифот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.