Aмериканската фармацевтска компанија „Фајзер“ во октомври треба да знае дали нејзината вакцина против Kовид-19 ќе делува и ќе биде ефикасна.
Доколку вакцината се покаже ефикасна, „Фајзер“ веднаш ќе ја пријави вакцината за одобрување, најави директорот на компанијата, Aлберт Bорл, на онлајн состанокот во организација на меѓународната федерација на фармацевтски производители и здруженија.
Како што коментираат американските медиуми, ваквата најава отвора можност вакцината да биде тема во кампањата за претседателските избори во земјата што се закажани за 3 ноември.
Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекени, изјави дека нема политички притисок врз американскиот регулатор за лекови брзо да ја одобри вакцината за корона вирус.
„Фајзер“ ја развива вакцината во соработка со германската компанија „Биотех“. Во трка за развој на вакцината се и компаниите „Модерна“, „Астразенека“, „Џонсон&Џонсон“, „Санофи“, како и неколку руски и кинески компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.