Американската војска денеска соопшти дека извршила воздушен напад во авганистанскиот главен град за да избегне „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул од терористите на ИСИС – К, јави ДПА.

Беспилотно летало успешно погоди автомобил што припаѓа на локалната група на терористичката милиција Исламска држава, наречена Исламска држава Хорасан, или ИСИС-К, соопшти армијата на САД.

Со оглед на тоа што имало „значајни секундарни експлозии“ по нападот, се претпоставува дека сигурно имало голема количина експлозив во возилото.

Војската ја разгледува можноста во нападот да загинале цивили. Сепак, засега нема индикации за тоа, соопшти американската армија.

ИСИС-К ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на аеродромот во Кабул во четвртокот, во кој загинаа неколку десетици луѓе, вклучително и 13 американски војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.