Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролирала во Јужното Кинеско Море, област каде што Кина има големи претензии.

Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион. Подморницата за брз напад, од класата Сиволф „Конектикат“ (С СН 22) го погоди објектот додека беше под вода на 2 октомври попладне во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион – објави прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица.

Во соопштението се додава дека безбедноста на екипажот останува главен приоритет на морнарицата и дека никој не претрпел повреди опасни по живот.

Подморницата е во стабилна состојба, нуклеарниот погон и простор не се погодени и се целосно во функција.

Од американската морнарица наведуваат дека се проценува степенот на оштетување на остатокот од подморницата и додаваат дека инцидентот ќе биде испитан.

Во извештајот се наведува дека подморницата не се судрила со друга подморница и дека се враќа во своето пристаниште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.