Американската бизнисменка Џенифер Аркjури, којa се најде во центарот на вниманието на јавноста поради односот со британскиот премиер Борис Џонсон, рекла дека Џонсон ја отфрлил како да е гремлин.
Аркjури во интервју за телевизијата ИТВ рекла дека Џонсон ја игнорирал кога се обидела да разговара со него за тоа како да се справи со пишувањето на медиумите дека имала специјален третман поради нејзината врска со Џонсон, во времето кога тој беше градоначалник на Лондон, но одбила да каже дали пријателството било од интимна природа, пренесува АП.
Ги чував твоите тајни, бев твоја пријател… И потполно сум скршена од начинот на кој ти ме отфрли како да сум некаков гремлин – рекла Аркjури.
Џонсон претходно рекол дека нема ништо непристојно во неговиот однос со Аркjури во времето кога тој бил градоначалник на Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.