Од последици на коронавирусот во болницата Џијинтан во кинескиот град Вухан почина првиот американски државјанин (60), соопшти денеска портпаролот на американската Амбасада во Пекинг.
„Најискрено сочуство до семејството заради оваа загуба. Ја почитуваме приватноста на семејството, немам друг коментар“,
изјави портпаролот за британските медиуми.
До синоќа, 19 странци беа заразени со коронавирус во Вухан, од кои двајца беа пуштени од болница, а 17 се наоѓаат во карантин.
Истовремено, јапонското Министерство за надворешни работи соопшти дека во болница во Вухан од заразата починал и еден јапонски државјанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.