На точно 100 дена пред претседателските избори во ноември повеќето Американци мислат дека САД одат во погрешен правец, отколку во било кој момент претходно за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, покажува новата анкета на Асошиетед прес и НОРЦ Центарот за јавно истражување.
Според резултатите од истражувањето, начинот на кој претседателот се бори против коронавирусот го поддржуваат само 32 проценти од Американците, пренесува „Гласот на Америка“, додавајќи дека и неговиот однос кон економијата, што е негов личен печат во мандатот, во последните месеци има намалена поддршка
Иако се обидува да се фокусира на трката против најверојатниот противник од редовите на демократите, Џо Бајден, на разни културни теми и пораки за „законот и редот“, шансите на Трамп за реизбор ќе бидат тесно поврзани со тоа како се бори против пандемијата и дали гласачите ќе веруваат дека земјата ќе се врати во нормала под негово раководство, додава „Гласот на Америка“.
Анкетата на АП и НОРЦ покажува дека осум од 10 Американци сметаат дека земјата оди во полош правец, што е повисоко ниво отколку кога Трамп ја презеде функцијата.
Од истражувањето се гледа дека 38 проценти од Американците сметаат дека националната економија е во добра форма, што е пад од јануари, пред пандемијата, кога 67 проценти го сметале истото.
Околу 38 проценти од Американците го поддржуваат начинот на кој работи претседателот, што, исто така, е пад од почетокот на пандемијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.