Голем број њујорчани се јавиле на лекар откако проголтале средства за дезинфекција за се се спасат од ковид-19. Ова се случува само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека средствата за дезинфекција се можен „лек“ за коронавирус.

Според извештајот во „Дејли њуз“, Центарот за контрола на отрови во Њујорк, кој е под-агенција на Министерството за здравство, добил 30 повици помеѓу четврток во 21 часот и петок во 15 часот.

Да биде јасно, средства за дезинфекција не смее да се користат ниту преку уста ниту со дишење, ниту на кој било начин или форма“, напиша на Твитер комесарот за здравство во Њујорк, Бербот. „Со тоа може да се стават луѓето во опасност“, додаде тој.

Ниту еден од луѓето кои контактирале со Центарот за контрола на отрови не починал, ниту имал потреба да оди во болница, се вели во извештајот.

Повеќе од 100 повици биле упатени на линијата за вонредни состојби во државата Мериленд, по контроверзната изјава на Трамп. Официјалните лица мораше да испратат предупредување откако луѓето постојано се јавувале, прашувајќи за совети за консумирање на средства за дезинфекција како можен третман на смртоносниот вирус.

За време на прес-конференцијата во четвртокот, Трамп предложи можност за „вбризгување“ на средство за дезинфекција на лице заразено со коронавирус, како средство за спречување на болеста.

Медицинските експерти низ САД беа шокирани од предлогот на Трамп.

Трамп ден потоа изјави дека се шегувал за инјекциите за дезинфекција

Откако го запали алармот низ целиот свет, Трамп изјави дека не мислел сериозно кога предложи да се инјектираат болните со средства за дезинфекција. Претседателот на САД изнуди серија коментари и голем број предупредувања, бидејќи ги сподели своите идеи за тоа како да се третира ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.