Најмалку пет лица го загубиле животот во силното зимско невреме „Јури“, кое ги погоди САД, а во кое близу пет милиони куќи и компании останале без електрична енергија во Тексас, додека застрашувачки торнада биле забележани на југозапад, пренесуваат светските медиуми.

Националаната метеоролошка служба соопшти деке екстремно ниски температури биле забележани во Тексас, со температури до минус 29 степени Целзиусови.

Во делови на Тексас е забележано нешто што може да се нарече „снежна топка“, односно комбинација од торнада и снег – известуваат од Националаната служба, и додава дека меѓу најпогодените држави се Тексас, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Оклахома.

Ледената бура достигна дури и до северните делови на Мексико, каде повеќе од четири милиони домови и деловни активности останаа без електрична енергија, известуваат од американската служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.