Американскиот дигитален гигант „Амазон“ соопшти дека го поддржува нацрт-законот за легализација на канабисот на сојузно ниво и најави укинување на барањето за тестирање на марихуана за некои работни места.
Тимот за јавна политика на интернетската трговија на „Амазон“ активно ќе го поддржи законот со кој се бара легализација на марихуаната на сојузно ниво – изјави шефот на Одделот за потрошувачи, Дејв Кларк.
„Амазон“, исто така, веќе нема да ги тестира на марихуана своите кандидати за одредени позиции во компaнијата.
Иако многу држави во САД ја легализираа употребата на марихуана, работодавците досега генерално одбиваа соработка со индустријата, бидејќи канабисот на сојузно ниво се уште е класифицирана супстанца.
Во минатото, како и многу работодавци, ние ги дисквалификувавме луѓето за работа во „Амазон“доколку имаа позитивен тест на марихуана. Меѓутоа, со оглед на тоа како се движат законите низ државите во САД, ние го сменивме правецот – рече Кларк.
Против „Амазон“ е поднесена заедничка тужба во која се тврди дека компанијата го крши законот на Њујорк тестирајќи кандидати за вработување во локалните филијали за употреба на марихуана.
Компанијата на својата платформа не дозволува продажба на марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.