Стив Бенон, идеологот на алтернативната десница и поранешен главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, кажа дека, со негова помош, популистичките партии по мајските избори ќе ја преземат контролата врз Европскиот парламент и Европската Унија.
На ниедна од тие партии не им требам јас за да пoбeдaт,рече Бенон на прес-конференција во Рим. Најдоброто нешто што можам да го направам за нив е она што го направив за Трамп… кажувајќи му кога заостануваше со 10, 12, 14 отсто: Можете да пoбeдитe, само цврсто држете се за својата порака и можете да пoбeдитe, кажа Бенон. Јас сум тука само за да бидам… водач на навивачите, додаде тој.
Бенон најави „земјотpec“ на европските избори во мај, на кои „сувеpeнистичките движења ќе ја преземат контpoлата врз Европскиот парламент, а подоцна и врз Европската комисија“.
Тој предвиде дека десничарската Лига на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини ќе стане нajсилната партија во Европскиот парламент и дека партијата на опозициската француска лидерка Марин ле Пен ќе биде „трета и четврта“ по сила.
Откако во август 2018 ја напушти Белата куќа, Бенон стана идеолог на европската десница, формирајќи „неформално“ движење со седиште во Брисел кое ги поддржува популистички движења во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.