Духовниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, истакна дека за кризата во Авганистан се одговорни САД, кои ја нападнаа земјата пред 20 години.
На средба со членовите на новата Влада на претседателот Ебрахим Раиси, Хамнеи истакна дека довербата во минатата иранска влада била намалена и оти новиот кабинет треба да ја поправи ситуацијата.
Ајатолахот Хамнеи ја потенцира важноста од водење активна надворешна политика и ја истакна потребата од зајакнување на економијата, пред се развивање на трговските односи, пред се со соседните држави.
Тој се осврна и на почитувањето на нуклеарниот договор, истакнувајќи оти САД се однесуваат „бесрамно“.
САД се однесуваат како Иран да се повлекол од договорот, иако Вашингтон го отфрли договорот пред целата светска заедница. Тие се потсмеваат на преговорите, а Европејците се однесуваат на ист начин како и САД – посочи Хамнеи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.