Верскиот лидер на Иран Али Хамнеи ги нарече претседателските избори во САД „претстава“ за народот.

Ситуацијата во САД и она што тие го зборуваат за нивните избори е претстава. Тоа е пример за грдото лице на либерална демократија во САД. Без оглед на резултатите, едно е апсолутно јасно, ова е недвосмислен политички, граѓански и морален пад на американскиот режим – напиша Хамнеи.

Официјален Иран претходно соопшти дека не му е грижа кој ќе биде новиот претседател на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.