Министерството за одбрана ја активираше целата Национална гарда во Вашингтон, откако приврзаници на претседателот Доналд Трамп го пробија полицискиот кордон и упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол.
Џонатан Хофман, главниот портпарол на Пентагон, потврди дека Националната гарда е мобилизирана. Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер и спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси издадоа заедничко соопштение во кое го повикуваат претседателот Доналд Трамп да побара од демонстрантите веднаш да се повлечат.
Советник на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен дека некои соработници на Трамп се бесни што претседателот не сака да стори повеќе за да ги запре демонстрантите на Капитол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.