Данска донесе законска регулатива со која е променета законската дефиниција на тоа што е силување.
Според новото сфаќање, не е потребно силувачот да примени каква било присила, било физичка или морална за односот да се смета за силување.
Доволно ќе биде жртвата да не даде јасно одобрување и секој таков полов акт ќе се смета за силување. Исто така, доволно е и другата страна да ја повлече својата согласност и од тој момент половиот однос станува силување.
„Не“ станува „не“ во кој било момент, во која било прилика. Доволно е да изостане свесно „да“, односно личноста да спие, да е во алкохолизирана состојба или едноставно да е затечена од ситуацијата, преплашена, збунета до таа мера да не знае што и како да каже. Со самото тоа кој било полов акт со друга личност станува канзено дело силување – се наведува во новото законско решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.