Италија влегува во четвртата недела на најголемата национална криза од Втората светска војна. Вчера беше објавено дека во земјата од коронавирусот за 24 часа починале 475 луѓе, што е најголем број на смртни случаи во еден ден забележан било каде во светот од почетокот на ширењето на епидемијата.
Од почетокот на кризата на 22 февруари, кога Италија преку ноќ стана најголемото европско жариште на коронавирусот, владата постепено воведуваше мерки за да се запре ширењето на заразата. Во потполна изолација се сите 60 милиони жители во земјата, и иако тоа требаше да трае до 3 април, владата донесе одлука мерката карантин да продолжи понатаму.
Бројот на заразени и починати во земјата варира во зависност од регионот и на него влијаат цела низа фактори, заради што е тешко да се предвиди кога тој ќе го достигне својот врв, но многу експерти се согласуваат дека тоа најрано ќе се случи на 25 март.
Причината поради која Италија стана жариште во кое епидемијата избега од контрола и бројот на починати порасна со огромна брзина веќе е позната – тоа е втората најстара нација во светот, а познато е дека старите се најзагрозени. Истовремено, тоа е нација со исклучително недисциплирани млади луѓе кои не се придржуваа до превентивните мерки на време
Ова го потврдиле и истражувачите од универзитетот Оксфорд во текст објавен во магазино „Demographic Science“. Авторите на студијата дошле до заклучок дека кризата ескалирала заради две причини.
Покрај тоа што во Италија 23 отсто од жителите имаат повеќе од 65 години, младите луѓе почесто го поминуваат времето со своите блиски кои спаѓаат во постарата категорија, отколку било каде во другите земји.
Тие и повеќе комуницираат и проаѓаат време со родителите, бабите и дедовците, а често и живеат со нив во фамилијарни заедници.
Најголемата концентрација на случаи и понатаму е на северот во земјата, каде телата на починатите се натрупуваат бидејќи погребите се моментално забранети. Меѓутоа, со секој нов случај се зголемува и бројот на живи пациенти кои треба да се лечат, а медицинските капацитети одамна се пополнети..
Заради тоа исцрпените лекари цела надеж ја ставаат во тоа дека строгиот карантин ќе има ефект и дека по очекуваниот врв на епидемијата, нема да дојде до втор бран, бидејќи план Б – нема.
Многу сега се прашуваат како тоа ќе заврши и дали огромниот економски трошок на карантинот воопшто ќе се исплати со зачуваните човечки животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.