Во 1976 година, судот го осудил Афроамериканецот Рони Лонг за кривично дело што не го сторил, по што тој поминал 44 години зад решетки. Сепак, минатата година беше утврдено дека тој цело време ја зборувал вистината и дека е невин. Сепак, отклако е пуштен од затвор, Лонг се соочува со нова птравна голгота затоа што се бори против пресудата со која му беше доделена отштета од 750.000 американски долари.
Афроамериканецот бил обвинет за силување на бела жена, а поротата веднаш го прогласила за виновен и за провала и силување, по што тој е осуден на доживотен затвор, пишува „Си-Ен-Ен“.
Лонг неколку пати се жалел на пресудата, но неговите жалби се одбиени. Во декември минатата година, гувернерот на Северна Каролина го помилувал, бидејќи судовите утврдиле дека тој е осуден по грешка.
Судијката на апелацискиот суд, Стефани Такер, посочи дека начинот на кој полицијата намерно и свесно ги негирала материјалните докази е загрижувачка и фрапантна.
Според законот, на 65-годишниот Лонг треба да му се исплатат 50.000 долари за секоја година што ја поминал во затвор, но во неговиот случај тој износ е одереден на 750.000 долари. Во неговиот случај, тоа значи дека му била исплатена сума за 15 години поминати во затвор, наместо 44, колку што реално мина во затворот.
Џејми Ло, неговиот поранешен адвокат, изјави дека дека Лонг е благодарен за парите што ги добил, но дека сумата е несоодветна за 44 години одземена слобода. Тој истакнува дека и двајцата родители му починале додека тој бил во затвор, како и дека неговиот син живеел без татко.

Ло смета дека Лонг заслужил многу повеќе отколку што добил како компензација. Лонг се надева дека ќе го добие она што го заслужува верувајќи дека бил намерно осуден и притворен.
Афроамериканецот не сака да ги именува луѓето кои му помагаат во оваа правна борба и тврди дека во моментов нема законски застапник. Тој посочува дека неговиот проблем мора да се реши, бидејќи верува дека може да му се случи на некој друг.
Ло потсетува дека Лонг не е единствениот на кого му се случило вакво нешто. Тој вели дека најмалку 44 други мажи се ослободени по четириесетина години затвор затоа што биле невини.

Адвокатот повикува на преглед на механизмот за надомест на штета, сметајќи дека гувернерот не треба да има целосна надлежност кој треба да го добие, а кој не. Тој вели дека сите мора да имаат еднакви можности за да бидат обесштетени.
Со добиените пари, Лонг го купил автомобилот од неговите соништата – „Кадилак“. Тоа е првиот автомобил што го поседува по 50 години и заедно со сопругата планира да купи семејна куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.