Адмирал Евангелос Апостолакис, грчкиот министер за одбрана, се обрати на Министерскиот состанок за мировни операции во Обединетите нации и го пофали Преспанскиот договор постигнат и ратификуван помеѓу Скопје и Атина.

Според министерот, кој го замени Панос Каменос по неговата оставка, нема сомнеж дека неодамнешниот Договор од Преспа е уникатен пример за решавање на долготраен проблем, и кој ќе го направи Балканот побезбедно место за живеење.

„Дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за посредничката улога на Обединетите нации за постигнување на овој фер договор. Се надевам дека брзо ќе славиме слични успеси за други долготрајни проблеми низ светот“, истакна Апостолакис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.