Европа денеска го одбележува својот ден – 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута – еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската Унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што го денеска го знаеме како Европска Унија.
Македонија од 2005 година е кандидатка за членство во ЕУ. Во 2001 година прва од регионот ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во 2004 година аплицираше за членство, а во декември 2005 година се стекна со статус земја кандидат. Во 2009 година, по неколку продлабочени реформи во клучните области, ја доби првпат и препораката на Европската комисија, паралелно и со либерализираниот визен режим и оттогаш наваму девет пати по ред, заклучно и со оваа препорака во 2018 година, ЕК препорачува Македонија да ги почне пристапните преговори, но од познати политички причини досега тоа не се случи. Препораките на Комисијата во 2015 и 2016 година беа условени препораки – условени со Пржинскиот договор, имплементацијата на итните реформски приоритети и спроведување коректни избори.
Европската комисија во извештајот за земјава на 17 април минатата година препорача земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Во септември лани земјава го почна објаснувачкиот скрининг процес за пристапување во Европската Унија со Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права. Со тоа Македонија почна маратон што ќе трае подолг временски период, а чија должина ќе зависи пред се од подготвеноста на земјава за промени и длабоки реформи. Земјава очекува од Советот на ЕУ во јуни да добие одлука за датум на преговори. Доколку се исполнат условите, првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.