Полицискиот комесар на Нов Заланд, Мајк Буш , соопшти дека загинала 50. жртва на нападот на џамиите во Крајстчрч. Во болницата и натаму се наоѓаат 36 повредени во нападот на Австралијанецот Брентон Тарант кој се случи среде петочната молитва во џамиите.

Буш изјави и дека двете лица, кои се уапсени под сомнение дека се поврзани со нападот на џамиите, не се поврзани со напаѓачот Тарант.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.