Светските медиуми објавија дека во Киев, Украина, во еден хотел се наоѓаат речиси 50 сурогат-бебиња чии родители од Велика Британија, од САД, од Италија, од Германија, од Романија и од други земји не можат да дојдат да си ги земат затоа што границите се затворени поради ковид-19.

Како што објави „Дејли мејл“, родителите ѝ плаќале од 5.745 па сè до 57.365 фунти на агенцијата која им помогнала околу сурогат мајчинството.

Видеото се прошири на социјалните мрежи и на него може да се забележат 46 бебиња кои моментално се наоѓаат во еден од хотелите во Киев. Сите овие бебиња ги родиле сурогат мајки – рекла Људмила Денисова од Омбудсманот за човекови права во украинскиот парламент.

Погледнете го видеото:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.