Во градот Гревенброх кој се наоѓа меѓу Дизелдорф и Менхенгладбах, неколку станбени објекти се во целосна изолација поради две четиричлени семејства кои се позитивни на коронавирус и не ги почитувале мерките на домашна самоизолација.
Како што пишува германски Билд, тие признале дека имале повеќе контакти со соседите, излегувале од дома, оделе по продавници и пазареле.
Сега, тие се однесени во празен хотел кадешто се изолирани, ги чува полиција и се под постојан надзор.
Околу зградите во кои живеат, поставена е импровизирана болница од шатори, кадешто се земаат брисеви од сите станари кои имале контакт со нив, околу 450, а другите се затворени во становите во карантин.
Комплексот е ограден и го чуваат полицајци и приватни компании за обезбедување.
Како што пишува Билд, на вратите на становите е означено кој е тестиран, а кој не.
На прекршителите на карантинот им се заканува кривична пријава и голема парична казна која може да изнесува до 25.000 евра.
Некои медиуми нагласуваат дека во овие згради живеат претежно доселеници или баратели на азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.