Жил Пијалу, експерт за заразни болести во болницата Тенон во Париз, рече дека 39 проценти од случаите во градот и околината припаѓаат на британскиот вид.

Ситуацијата е алармантна, изјави Пијалу за телевизијата БФМ, додавајќи дека од здравствена перспектива не гледа како Франција може да избегне нов општ карантин.

Позаразни видови на коронавирусот пристигнаа во Франција, но нивното ширење не е толку брзо како што првично се сметаше, рече Бруно Лина, експерт за вируси и член на Научниот совет на владата.

Засега имаме чувство дека доаѓањето на овие видови е делумно забавено, рече Лина за радиото Франс интер.

Тој додаде дека јужноафриканскиот вид на вирусот моментално сочинува помеѓу 2 и 3 проценти од вкупните случаи на инфекција во Франција.

Вчера биле забележани 18.870 нови случаи на инфекција и 508 смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.