Најмалку 35 патници претрпеле помали повреди откако авион на Air Canada го зафатила силна турбуленција.
Авионот со 284 патници и членови на екипажот што сообраќал од Ванкувер кон Сиднеј морало вонредно да слета на Хаваи.
Медицински екипи им пружиле помош на повредените по слетувањето на аеродромот во Хонолулу вчера во 6 часот и 46 минути по локално време.
Авионот Boeing 777-200 го зафатила „неочекувана турбуленција при ведро небо… два часа откако го одминал Хаваи“, стои во соопштението од авиокомпанијата.
Оттаму додаваат дека патниците се сместуваат во хотели во Хонолулу додека да им биде обезбеден лет за Австралија.
„Наидовме на турбуленција и сите удривме во таванот. Се разлетаа луѓе, сѐ почна да паѓа“, вели Џес Смит, патничка на летот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.