33-годишен Германец можеби е првиот Европеец што се заразил со новиот коронавирус и им го пренел на други жители во европските земји, се вели во писмо од германски лекари што го пренесе медицинското списание Њу Ингланд џурнал оф медисин.
Според германските лекари, „33-годишен инаку здрав германски бизнисмен (Пациент 1) на 24 јануари 2020 добил болка во грлото, температура и болка во мускулите. Следниот ден се развила температура од 39,1 °Ц, заедно со продуктивна кашлица. Вечерта следниот ден тој почнал да се чувствува подобро и на 27 јануари се вратил на работа.“
Пред да почнат да му се појавуваат симптомите бизнисменот присуствувал на серија состаноци со кинеска бизнис-партнерка, жителка на Шангај, која престојувала во Германија од 19 до 22 јануари.
Жената веднаш ги известила германските партнери за своето разболување. Почнала потрага по нејзините контакти, па кај 33-годишниот маж бил потврден првиот случај на инфекција.
Инфектолозите посочуваат дека поради тоа е исклучително важен надзорот над пациентите што се отпуштени по хоспитализација и препорачуваат редовно да се анализира брисот и по отпустот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.