Најмалку 30 мажи силувале 16-годишно девојче во хотел во туристичкиот град Елиат во Израел, а наводно сè е снимено со мобилен телефон.
„Њујорк пост“ пренесува дека малолетничката минатата недела отишла на пијалак со пријателите во Елиат, а потоа отишла во хотелот каде го користела тоалетот. Таа, наводно, била однесена во хотелска соба и била силувана од мажи, кои се ределе еден по друг. Некои од мажите го снимале целиот чин со мобилни телефони. Полицијата соопшти дека другарката на девојчето пробала да помогне, но не успеала на време да најде помош.
Според локалните медиуми, досега се уапсени двајца мажи, а полицијата објави дека ќе има повеќе апсења.
Еден од осомничените признал дека учествувал во чинот, но тој тврди дека сексот бил со согласност од девојката, па дури и дека таа сакала.
Полицијата го уапсила откако во неговиот телефонот пронашла снимка од нападот и пораки од силуваното девојче. Сепак, тој тврди дека некој друг го користел неговиот телефон.
Жртвата го пријавила злосторството минатиот петок, а целиот случај привлече големо внимание од домашната јавност.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху го карактеризираше ваквиот чин како „злосторство против човештвото“.
Ова е шокантно, нема друг збор за тоа. Ова не е само кривично дело против девојче, ова е кривично дело против човештвото и заслужува секоја осуда, напиша премиерот Нетанјаху на Твитер и побара од одговорните да бидат „изведени пред лицето на правдата“.
Министерот за одбрана Бени Ганц го осуди однесувањето на осомничените.
Полициската истрага сè уште трае, но важно е да ја испратам оваа порака до одговорните за овој инцидент или кои беа сведоци: Единствено што докажавте е зло во вашата душа. Сакам да и кажам на жртвата дека моето срце е со неа и дека не е сама, објави Ганц на Твитер.
Медиумите во Израел не го откриваат идентитетот, но двајцата осомничени се во доцните 20-ти години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.