Стапката на невработеност во САД во април падна на најниско ниво во изминатите 49 години, покажуваат податоците на американското Министерство за труд.
Стапката на невработеност падна од 3,8 на 3,3, што според официјалните податоци е најниско ниво уште од декември 1969 година, јави Би-Би-Си.
Податоците за платите покажуваат дека просечните примања се зголемувале со годишна стапка од 3,2 отсто.
Во Унгарија пак 3,6% е невработеноста, а во самиот главен град е 2.6%. И САД и Унгарија имаат изразито десницарски и проекономски ориентирани лидери критикувани за медиуми и демократија.
Просецната плата во Унгарија е околу 860 евра, а во Будимпесхта над 1000 евра.
Земјите од регионот, кога станува збор за платите, се далеку од развиените земји на Европската унија.
“Радио Слободна Европа”, направиила графика која прикажува колкави се просечните плати во земјите од нашиот регион. Меѓутоа, на графичкиот приказ ја нема Словенија.
На листата на прво место е Хрватска со просечна плата од 842 евра. Следува Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово изнесува 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија.
На последното место на наведените земји се наоѓа Македонија, каде што просечната плата изнесува 395 евра, што е повеќе од два пати помалку отколку во Хрватска.
Меѓутоа ако земјите од поранешна Југославија ќе ја земат во предвид и Словенија, видливо би било и Хрватска многу да заостане зад нејзе. Имено, во август минатата година, просечната нето плата во оваа земја изнесувала 1.028 евра. Инаку Словенците во ноември минатата година донеле одлука во наредните три години да го зголемат “минималецот” од 638 евра на 736 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.