Долгоочекуваната инфраструктура која треба да ги поврзе далечниот исток на Русија и најсеверната кинеска покраина Хеилонѓијанг ќе биде долга 21 километар, а мостот преку реката Амур ќе се простира од Нижњеленјинског (еврејски автономен регион) до Тонгѓајинг и ќе стане прв железнички мост помеѓу двете земји. Делот преку реката Амур е долг 2,2 километри а вкупната должина на сообраќајницата ќе биде 21 километар. Кина веќе ја завршила изградбата на својот дел од мостот.
Русија планира извозот на руда, јаглен, минерални ѓубриња, дрвена граѓа и друга стока да оди преку железничката инфраструктура во Кина.
Изградбата на прекуграничниот мост помеѓу Русија и Кина официјално започнала во 2016 година, по 28 години преговори. Новиот мост и придружната инфраструктура ќе чинат повеќе од 300 милиони долари, а ќе биде долга 19,9 километри. Околу 6,5 километри од мостот и крстосниците ќе ѝ припаѓаат на Кина, а преостанатите 13,5 километри во Русија. Должината на главниот висечки мост ќе биде 1.300 метри, а ширината 14,5 метри.
Мостот во голема мерка ќе ја олесни трговијата помеѓу двете земји бидејќи ќе ја скрати трасата за 3.500 километри. До 2020. година се очекува прометот да се зголеми за 10 пати, од 300.000 на три милиони тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.