Во потресот се уништени околу 53.000 објекти.
Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 12 километри североисточно од Сент Луис ду Суд, на длабочина од 10 километри.
Премиерот на Хаити Ариел Хенри претходно изјави дека земјотресот причинил голема материјална штета. Тој прогласи едномесечна вонредна состојба во државата.
Еден од најсмртоносните земјотреси во светот во минатиот век е регистриран токму на Хаити на 12 јануари 2010 година.
Според официјалните податоци, тогаш загинаа 316.000 луѓе, а 300.000 беа повредени во потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, кој се случи во јужниот дел на земјата. По оваа природна катастрофа околу 1,3 милиони луѓе останаа без своите домови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.