Осум лица во рен на западот на Франција, ја дочекаа новата година на рингишпил висок 50 метри, кога механизмот на сред возење се расипал и целата вртелешка застанала.

„Долго траеше, беше студени и застрашувачки“, вели Антоан (23) откако спасувачите заедно со останатите го спуштиле со хеликоптер на земја.

Вртелешката, чија една сајла се расипала на сред возење, застанала со посетителите кои останале на 50 метри висина.

Спасувачите најпрво се обиделе со скали и со друга опрема да ги извлечат луѓето, но по неколку неуспешни обиди оцениле дека е опасно и довезле хеликоптер.

Посетителите сакале само неколку минути да се повозат, седнале на вртелешката синоќа околу 20.30 часот, а од неа безбедно се извлечени дури утрово во 4 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.