Годината што изминува била најтоплата во Русија откога почнале метеоролошките мерења. Поради рекордните температури, московските власти одлучија да донесат снег за утрешната новогодишна прослава.

Генерално гледано, оваа година во Русија беше најтопла откако постои следење со инструменти, изјави директорот на хидрометеоролошкиот центар Роман Вилфанд. Според него, годишната просечна температура во Москва во 2019 година го урнала претходниот рекорд за дополнителни 0,3 Целзиусови степени.

Метеоролошко евидентирање во Русија постои од 1891, а во Москва од 1879 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.