На 35-годишната Шила О’Лири и нејзиниот сопруг Рајан (30) ќе им се суди за убиство и занемарување на дете, откако нивниот 18-месечен син починал поради неухранетост. Детето се родило дома и дека никогаш не било лека. Го хранеле како веган, само во овошје и сиров зеленчук.

Мајката кажала дека последната недела дена тој воопшто не јадел, туку само го доела. Околу 4 часот утрото кога почнал тешко да дише. Била загрижена зошто тоа првпат се случило, но рекла дека не повикала помош зошто заспала. Откако се разбудила и забележала дека не дише и дека е студен, повикала полиција додека сопругот се обидел да го оживее.

Детето е прогласено за мртво на 27 септември во семјната куќа во Кејп Корал, Флорида, САД.

Обдукцијата покажала дека детето страдало од неухранетост, вклучувајќи и дехидрација, проблеми со црниот дроб и отекување на рацете, стапалата и потколениците. Шила рекла во полиција дека стапалата на детето му отекувале и неколку недели претходно и дека не одел толку како претходно. Тежело само 4,8 килограми.

Кога полицијата го посетила нивниот дом видела дека двојката има уште три ќерки.

Двете девојчиња на возраст од 3 и 5 години, биле исклучително ситни и тежеле под просекот за нивната старост, а тенот им бил со бледо-жолтеникава боја.

На едното девојче забот и поцрнел од пропаѓање, што барало оперативен зафат. Третото девојче изгледало поздраво и било ќерка на Шила од претходна врска. Се претпоставува дека таа изгледала поздраво зошто останува со таткото по две недели на секои два месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.