Бројот на жртви од поплавите што ја погодија Германија се искачи на 133 лица. Додека пак 153 лица загинаа во Европа.

Градската полиција во Кобленц соопшти дека, според сегашните податоци, 90 лица го загубиле животот само во државата Рајнска област-Пфалц.

Во Северна Рајна-Вестфалија загинаа 43 лица, додека во соседна Белгија беа евидентирани 20 жртви.

Сепак, тој биланс сè уште не е конечен, бидејќи многу луѓе се водат како исчезнати и во Западна Германија и во Белгија.

Поплавите ги зафатија и Холандија и Луксембург, но нема извештаи за жртви.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.