Шеесетгодишниот Кадруш Бериша, кој потенува од Србија, е уапсен во Италија поради сомнение дека ја убил својата поранешна вонбрачна сопруга, Украинката Викторија Вовкотурб (42), чие тело во саботата беше пронајдено закопано во Бреша.

Бериша бил уапсен покрај контејнер, додека фрлал тепих со крвави траги и кеса со облека натопена во крв. Анализата покажала дека крвта и косата пронајдена на предметите припаѓаат на Викторија.

Италијанската полиција го следела два дена, откако пријателите на Викторија го пријавиле нејзиното исчезнување на 4 ноември, откако им кажала дека оди да се сретне со Бериша, по што ѝ се губи траг.

Иако најпрво го негирал злосторството и одбивал да каже каде се наоѓа неговата поранешна партнерка, Србинот признал дека го закопал телото во близина на неговата куќа, но наводно, не признал и дека ја убил.

Првичните резултати од истрагата покажале дека убиецот прво ја онесвестил со удар во глава, а потоа неколку пати ја избол со нож.

Украинскит „Обозревател“ пренесува дека на полицијата им било потребно 13 часа за да го откопаат нејзиното тело.

Нејзините пријатели велат дека Викторија го запознала Кадруш пред три години, по што брзо започнале заеднички живот. Нејзините пријатели не го сакале.

Бериша долго живее во Италија, има работа дозвола и работел на фарма.

Вовкотурб има возрасен син и ќерка во основно училиште, кои сега се предадени на нејзините родители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.