Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против корона вирусот, произведени од американската фармацевтска компанија „Фајзер“, поради недостиг на доволен број специјални шприцеви.

Не е лесно да се купи точна количина на овие специјални шприцеви, нема толку многу во светот – соопшти генералниот секретар на јапонската Влада, Кацунобу Като

Тој додаде дека Токио во моментов преговара со неколку производители.

Секое шишенце од вакцината на „Фајзер“ содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцеви можат да ја извадат целосно. Употребата на обични шприцеви овозможува употреба на само пет дози од вакцината.

Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли – објаснува генералниот секретар на кабинетот.

Поради овој проблем, со веќе нарачаната серија вакцини од „Фајзер“ ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.