Посланието на Петре Шилегов -искривени квалификации за левичарство и десничарство, под превезот на „хуманост и ренесанса” голем гнев и омраза!, реагира актерката и член на Совет на Град Скопје од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Јелена Жугиќ на синоќешната објава на Фејсбук на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Петре Шилегов

Десничарите на народот му донесоа држава која вие денес ја губите, чекор по чекор, на рати и при тоа убедувајќи не дека блескаме. Искрено би била дури и среќна да бевте левичари, оти левичарите по идеологија се грижат за народот, за социјалниот статус на работниците, ама вие сте дааалеку од тоа. Затоа што со едната рака сте на градите и се колнете во чесност, во семејство, во најмило, а со другата сте во џебот на народот! Вие воопшто не сте левичари, вие само ја измисливте и воведовте “црвената буржоазија” во Македонија, вие сте “недопирливите привилегирани чеда”, чија основна смисла на постоење и дејност во овие моменти, на вашето раководство е крадењето, лажењето и распродавањето. Оттука не ми е јасно кому всушност вие се прикажувате како левичари, социјалисти, прогресивци и хуманисти. Вистинските социјалисти за разлика од вас се чесни луѓе кои се грижат за својот народ. Вие
Петре сте СЕ само не левичари!
Може и збор два за твојата улогата во време на корона кризава. Додека се сликаше кај шаторите во државна болница кои ви ги бутна првиот снег(патем донација од време на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ) не заборави во 4 очи да направиш тендер во Дрисла, каде директорот- братучед на сопругата на генералниот секретар дели тендер на братучедот на генералниот секретар. Од едниот џеб во другиот. 12 милиони денари, за вас ситно, бидејќи вие имате и поголеми аванти, и тоа во исто време кога на пример им “виткате рака” на директорите на училишта да се откажат од платите, ги ставате на минималец затоа што претседателот на партијата така посакал. Народот за кој вие онака левичарски, социјалистички се грижите, го доведувате до раб на егзистенција, додека за вас не може а да нема дури ни во криза, апетсани, морски плодови и скапи кафиња. За вашата “хуманост” можам на долго и широко да зборам, но беспредметно е да се прави морална гимнастика со неморални луѓе!
И секогаш кога ќе ве фати некоја апстиненцијална криза -интелектуална на пример, ти Петре се закануваш со рушење, -талибанската метода е далеку од левичарска. Сите овие години, вашето не работење сакаш да го лагитимираш со квази идеолошки расправи. Но, едното не го супституира другото. И не знам што е полошо, што не знаеш што подразбира левичарската идеологија или што дрско не навредуваш со полноќни беседи!
П.С еден добронамерен, хуман совет, ако сакаш да си ја мачиш душата со полноќни беседи слободно продожи, но престани да ги мачиш скопјани и поднеси оставка!, пишува Жугиќ на Фејсбук.

Јас сум левичар. До коска. Затоа што ги сакам луѓето. Не знам дали сте приметиле, драги мои, дека во секоја криза, се…

Gepostet von Петре Шилегов am Samstag, 25. April 2020

Срдечен поздрав од десничарка која ги сака, почитува и негува вредностите на својата држава, народ, култура, традиција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.