Јелена Жугиќ е истакнат македонски актер, реномиран првенец на Театар Комедија. Жугиќ има добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп награда за најдобра глумечка креација. Награда од истиот тип добива и во 2001 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Жугиќ има добиено и награди како Златна Бубамара на популарноста во 2009 година, како и награди за најдобра женска улога во 2011 и 2012 година од страна на Националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински. Таа има голем број на филмски и театарски улоги. И е човек со импозантна биографија. СДСМ се уплашени од откривањето на криминалите кои се направени овие години во градот Скопје и за тоа панично и хистерично реагираа за членовите во Управните и Надзорните одбори. Но криминалот и недомаќинското работење ќе испаднат на површина и за секој криминал ќе има одговорност, додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.