Покрај, “Девојчето со кибритчињата”, украсеното Скопје на Шилегов кое чини 260 илјади евра ме вади од кожа. Исто како нефункционалните институции, власта, општеството.

Никогаш не ми било јасно, како може да се мижи и молчи пред вакви појави. Никогаш нема да ми биде јасно зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а нема доволно пари за децата кои просат по улиците, семејствата кои на -30 степени седат под отворено небо, луѓе кои спијат по клупи.

Девојчето, не побара топол оброк. Рече “Гладна сум ама не мора да јадам, ама ми требаат пари. Прашав зошто, таа продолжи “Треба да соберам доволно за да однесам дома”.

Доби топол оброк. И некој денар, за побрзо да замине дома, оти надвор е повеќе од студено.

Кога веќе немаме функционални институции, да бидеме ние тие кои ќе помогнеме. Не одбегнувајте, помогнете. Сите имаме по некој денар, за во конкретниов случај, ова дете се врати дома и да не остане и на онака лошото време, на семафорите сред булевар. Има премногу вакви случаи. Да не бидеме ќори при очи.

Украсите позади девојчето не ги приметува никој, оти се секундарни, не се важни и не помагаат, туку се декор на урнисано општество.

Таа година зимата беше многу остра. Во текот на последната ноќ од старата година провејуваше снег. Иако беше мошне студено и темно, едно кутро девојче сè уште талкаше пo улиците. Нозете и беа помодрени од студ. Во раката стискаше кибритчиња, а кибритчиња имаше и во искинатото фустанче. Цел божји ден никој не купи ниту едно кибритче, ниту пак некој и даде пари. Гладно и премрзнато, девојчето продолжи да оди”, извадок од прекрасното дело на Ханс Кристијан Андерсен- напиша Кристијан Ландов на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.