Ни се роди Лаки. Првото бебе елен лопатар годинава. Лаки е малечок дечко кој сака да ја истражува околината и да трча со останатите елени, а кога ќе се измори, може да го видите во оваа поза, вака Зоолошката на својот Фејсбук профил ја соопшти веста за раѓањето на новиот член.

Зоолошката градина постојано се збогатува со нови животни. Едни се раѓаат таму, друг доѓаат од страна. Бројот на животни постојано се зголемува, а тоа придонесува и за зголемување на посетителите, особено сега во летниот период.

Во моментов се градат нови живеалишта и се реновираат постојаните.

Зоолошката градина постојано организира разни активности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.