Зоки Фаци е човекот кој го пронајде Давид, синот на Зоран Роџер, на автопатот во Катланово каде бил да се прошета во мир и тишина.

Кратко претходно видов на порталите дека го бараат Давид. На стариот пат од Катланово кон Скопје го видов, закочив и го повикав, ме препозна, поразговаравме малку. Беше вознемирен рече дека одби да се врати дома и ќе оди во манастир, но потоа се премисли и прифати да го однесам кај баба му, вели Василевски, а и полицијата го потврдува истото.

Од МВР велат дека не е првпат лицето да го напушта домот, а кај катланово го пронашол пријател.

Зоки Фаци кој има семејна куќа во Катланово и добро го познава теренот кога го видел апелот и тој се обидел да го бара момчето и успеа да го пронајде здрав и жив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.