Скопје е на врвот во Европа и петти најзагаден град во светот. Позагадени од нашиот главен град вчера беа единствено градовите Лахор во Пакистан, Калкута и Делхи во Индија и Дака во Бангладеш, напиша Драги Змијанац од невладината организагија „Меѓаши“ на фејсбук-групата Скопје бара чист воздух / Shkupi kërkon ajër të pastër!.

Истата позиција градот Скопје ја држи и денеска, кога сме и единствен европски град во првите десет светски најзагадени. И покрај сончевиот ден со нешто повисоки температури од вообичаените, бројките од мерните станици повторно се загрижувачко високи, барем на оние мерни станици кои работат. Во Лисиче и Гази Баба тие се надвор од функција веќе подолг период“, напиша Змијанац на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.