Доцна попладнето вчера Скопје се искачи на врвот на листата на најзагадени главни градови во светот.

Само еден час пред тоа да се случи, „Република“ среде пролет, кога температурите се натпросечно високи поради африканскиот бран кој ја зафати земјата, како и во вонредна состојба кога голем дел од вработените сè уште работат од дома, алармот на загадувањето повторно е запален.

Прашавме и доколку, како што упорно сака да нè убеди власта, проблемот со загадувањето го носат несовесните граѓани кои се греат на дрва и сообраќајот, тогаш како ги објаснуваат овие бројки? Кому овојпат ќе биде препишана вината?

„Независните“ и „објективни“ твитерџии веднаш нè искараа дека пишуваме глупости и дека нормално е да е загадено кога дува африкански ветар.

Денеска ветрот го нема, ама Скопје го има – повторно е во топ 5.

Ама што знаеме ние, Макрадули е експертот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.